Протест со молк и во црно за Кежаровски

Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски утре (23.10) во 12:05 часот ќе одржи протест пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје (или познат и како Музеј на ВМРО).

Ги повикуваме новинарите, медиумските работници и сите граѓани заедно да ја одбележиме борбата за слобода и во нејзино име да изразиме несогласување со затворската казна во траење од четири и пол години за колегата Кежаровски.

Придружете ни се со молк и облечени во црно на симболичен начин да покажеме револт поради заробената медиумска слобода.

Со почит

Иницијативен одбор за ослободување на Кежаровски, Скопје.

Leave a comment